Работнички загуби во пријателски натпревар од Македонија ЃП

Подготовките за новата сезона во првата македонска фудбалска лига веќе започнаа, а Работнички со 3-1 загуби од Македонија ЃП на пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.

Првиот гол за домаќинот го постигна Балша Бановиќ во 22.минута, Драган Стојков си постигна автогол во 67.минута, а погодокот на Работнички беше дело на Бујар Хајдари во 78.минута. Конечниот епилог го постави Камара во 89.минута.

Следниот пријателски натпревар на Работнички е в среда против Тиквеш во Кавадарци.

Се вчитува...