Работник без двајца важни играчи на мегдан со Хановер

Екипата на Работник пристигна во Хановер, каде битолскиот суперлигаш утре ќе го одигра првиот натпревар од групната фаза на Купот на ЕХФ.

„Фармацевтите“ ќе бидат ослабени поради неиграњето на двајца стандардни ракометари, повредениот Мемиќ и болниот Пецаковски, кои нема да бидат на располагање на стручниот штаб за ова тешко гостување. Своето деби во дресот на Работник утре ќе го имаат трите нови засилувања, Стјепановиќ, Радоњиќ и Остроушко, кои ќе треба да ја кренат играта на македонскиот претставник на едно големо натпреварување.

Тренерот Чирковиќ реши покрај вечерашниот тренинг, тимот на Работник и утре да има краток тренинг, во пресрет на натпреварот што на програмата е утре вечер со почеток во 19 .30 часот.

 

Се вчитува...