Работник без одговор за норвешкиот Филинген

Работник се наоѓа на работ на елиминација од Челинџ-купот откако битолскиот суперлигаш денеска претрпе пораз на првиот осминафинален дуел со норвешкиот Филинген, со резултат 22-25.

Слабата игра во нападот беше главен проблем за тренерот Темелковски, кој не можеше да најде лек за одбраната на Филинген. Токму затоа гостите го контролираа резултатот цел натпревар, поведоа со 3-6 во раната фаза, а потоа стигнаа и до „плус пет“ (5-10). Битолчани успеаја да врзат добри десетина минути и предводени од Крстевски (5/5 во првото полувреме) дојдоа на само еден гол разлика до крајот на полувремето, па на одмор се замина со резултат 11-12.

Резултатот беше израмнет само до 14-14, за потоа гостите повторно да додадат гас, да стигнат до предност и на крајот да си обезбедат „плус три“ пред реваншот во Норвешка.

Крстевски со шест и Дрогришки со четири погодоци беа најдобри стрелци во редовите на македонскиот претставник.

Се вчитува...