Работник ја декласираше Металопластика за втор триумф во СЕХА

Македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Работник ја забележа втората победа во дебитантската сезона во СЕХА лигата. За новиот успех, битолскиот состав го декласираше српскиот вицешампион, Металопластика со 32-21 во дуелот од вторто коло во групата Б.

Средбата беше потполно во контрола на македонскиот тим кој имаше водство од стартот и континуирано го зголемуваше. Во финишот од првото полувреме дојде до во тој момент највисоките седум гола предност и на паузата замина со 15-8.

Во вториот дел Металопластика беше уште понеконкурентна, па позитивата на Работник се зголемуваше постојано се до конечните 11 гола разлика.

Одлична партија на голот на Работник имаше репрезентативецот, Никола Митревски кој имаше 12 одбрани, а постигна и еден гол. Ловро Јотиќ со осум гола беше прв стрелец во домашниот состав, Владислав Остроушко постигна пет.

Работник сега има шест бода идентично како и Веспрем. Во следното коло од СЕХА лигата, битолчани ќе се соочат токму со Веспрем на домашен терен на 2.октомври. Претходно има обврски во Лигата на шампионите и в недела му гостува на шпанскиот Бидасоа.

Се вчитува...