Работник поразен на пенали во финалето во Добој

Ракометарите на Работник не успеаја да се закитат со титулата на турнирот во Добој, откако во вечерашното финале загубија од францускиот прволигаш Шартр. Мечот по регуларните 60 минути заврши без победник, 22-22, но во изведувањето на пенали поумешни беа француските ракометари, кои на крајот го кренаа пехарот на овој турнир.

Битолчани можат да жалат бидејќи одлично го отворија натпреварот, имаа и пет гола предност во првото полувреме, но на одмор заминаа со само еден гол позитива. До крајот се водеше неизвесна битка, а Работник го одведе финалето во пенал-рулетот со седмерецот што успешно го реализираше Кузманоски.

Токму Кузманоски беше еден од трагичарите во завршницата, не реализирајќи пенал заедно со Чурлевски, по што битолскиот клуб мораше да се задоволи само со второто место на турнирот во Добој.

Се вчитува...