Работник убедлив против Пролет за осигурување на второто место во Супер-лигата

Еурофарм Работник го декласираше Тинекс Пролет нагости со 16-30 во премиерниот меч од 9. коло во плеј-офот од ракометната Супер-лига и математички го обезбеди второто место во домашниот шампионат.

„Фармацевтите“ ја имаа контролата на играта во текот на целиот меч и во ниеден момент не им дозволија на домаќините да ја загрозат нивната победа. Уште од самиот старт тимот го контролираше мечот, и со одлична игра во одбраната и примени само седум гола на полувреме заминаа со водство од  (7-15).

Во второто полувреме Битолчани продолжија да го мелат противникот, а на крајот резултатот на смеафорот изнесуваше убедливи 16-30.

Милан Ѓукиќ со 9 гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека Ојлески и Радоивќ запишаа 5 гола. Кај поразените единствен расположен беше Ласко Андоновски со 6 гола.

Со победата Работник и математички го осигура вицешампионското место, додека Тинекс Пролет во последното коло нагости против Пелистер ќе го брка четвртото место на табелата кое води во Европа следната сезона.

Се вчитува...