Раде Стојановиќ уште една година тренер на Охрид

Суперлигашот ГРК Охрид се одлучи да ја продолжи соработката со актуелниот тренер Раде Стојановиќ за уште една година.

Со ставањето точка на годинашната сезона, поради пандемијата на коронавирусот, беше завршен и договорот на Стојановиќ со охриѓани, но двете страни се одлучија на продолжување на соработката.

„Раде Стојановиќ и следната сезона ќе биде тренер на Охрид. Стојановиќ и клупската управа, денеска, ја официјализираа соработката за уште една сезона“ – соопштија официјално од ГРК Охрид.

Се вчитува...