Екс репрезентативецот Марјан Радески е нов играч на Струга ТЛ. Лидерот на табелата во него добива големо засилување во битката за прва титула во македонската ПМФЛ.
Радески кажа дека Струга ТЛ не се одбива, а големо влијание имаше и тренерот Срѓан Захариевски кој му даде шанса на Радески на 17-годишна возраст.
„Кога ме контактираше Струга Трим Лум, не се двоумев многу и мислам дека ниту јас ниту клубот што веруваше во мене не погрешивме. Добро го познаваме тренерот Захариевски, тој ми ги даде првите минути во првата лига на 17 години и сега сум тука повторно со него, каде заедно со моите нови соиграчи се надевам ќе вратиме со добри натпревари и ќе и ја донесеме титулата на Струга. Струга Трим Лум е голем клуб, кој има зацртано цели и затоа секој играч без двоумење би дошол во овој и тоа клуб, исто како јас. Останува добро да се подготвиме, и се надевам без повреди, да бидеме здрави и секој од нас да даде максимум за да стигнеме до крајната цел, а тоа е шампионската титула“, рече Радески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА