Радичевиќ: Да продолжиме во победнички ритам

Убедливата победа против Ларвик на гостувањето во Норвешка (19-31) ги става вардарки во улога на апсолутни фаворитки и пред втората пресметка со Норвежанките, в сабота (17 ч.) во СЦ „Јане Сандански“. Во Вардар сепак, максимално сериозно се подготвуваат за новиот дуел со подмладениот состав на Ларвик со цел да ја продолжат победничката серија во Лигата на шампионите.

„После три кола имаме максимален учинок, и сакаме да продолжме во исто темпо. Со секој противник на натпреварите ние приоѓаме сериозно. Тренираме добро и знаеме која е нашата цел. Сигурна сум дека во сабота нема да биде лесно. Ларвик игра секогаш до крај, без разлика на резултатот. Желни се за докажување. Ни треба максимален пристап во одбрана за постигнување лесни голови. Ќе се обидеме да поправиме некои работи, за следното гостување во Будимпешта. Тоа е целта, да завршиме онака како што очекувавме“ – истакнува десното крило на Вардар, Јованка Радичевиќ.

Вардарки имаат максимални три победи по првите три кола во групната фаза. А, тенденцијата е да играта да биде уште посигурна и Вардар да го задржи максималниот ефект и во преостанатите три кола од групната фаза во ЛШ.

„Тие се млада екипа што има смена на генерации во моментов. Тоа не значи дека ќе биде лесно бидејќи имаат млади, но добри играчи, шутери и традиционално имаат брз контранапад. Ние тоа го видовме во Норвешка, и имавме проблеми поради наши грешки. Тие треба да ги намалиме и сe ќе биде во ред“ – вели тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

Се вчитува...