Радичевиќ фантастична, Црна Гора ја збриша Данска

Црна Гора пријатно изненади на стартот од мундијалот за жени, откако во дербито на првото коло оваа селекција ја декласираше Данска со убедливи 31-24. Иако се очекуваше овој меч да го одбележи неизвесност, Црногорките за помалку од десет минути стигнаа до „плус пет“ (6-1, па 7-2), по што целосно го контролираа натпреварот до самиот крај. Во еден момент разликата изнесуваше десет гола (29-19), за Данките во самиот финиш само малку да го подобрат своето очајно издание. Јованка Радичевиќ беше фантастична со 12 погодоци на овој натпревар, а Црна Гора утре ја очекува нов предизвик, дуел со селекцијата на Русија.

Шампионот Норвешка очекувано лесно и убедливо ја совлада Унгарија со 30-22, меч во кој бранителот на трофејот целосно доминираше и рутински ги прокнижи првите бодови на шампионатот.

Лесна победа забележа и Шпанија, која триумфираше над Ангола со 28-24.

Се вчитува...