Радикален план за спас на сезоната во Премиер-лигата

Премиерлигашките клубови имаат радикален план за спас на фудбалската сезона во Англија. Тие се подготвени да ги одиграат сите преостанати 92 натпревари без публика, но секоја средба да биде емитувана на ТВ. Најверојатно дуелите би биле одигрнаи на неутрален терен. На еден од избраните терени дневно би биле одигрувани и по два дуела, а средбите би биле закажани во дистанца од по три дена.

Европското првенство беше одложено за една година за да биде овозможено да бидат комплетирани домашните  првнества. Во Англија сепак се стравува дека нема да биде можно сите натпревари да бидат одиграни до крајот на јуни како што беше предвидено со планот на УЕФА. Офцијалните лица на Лигата веќе разговарале со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, на оваа тема со оглед дека во Англија има повеќе средби за одигрување во однос на Шпанија и на Италија на пример.

Според најавите, клубовите со оваа идеја ќе излезат в четврток за кога е закажан состанок за судбината на шампионатот. Идејата е да бидат користени лимитиран број стадиони за потребата од полиција и од медицински лица да биде сведена на минимум.

 

 

Се вчитува...