Радост во семејството Надал: Рафа стана татко

Сопругата на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, родила машко дете, пренесоа медиумите во Шпанија. Медиумите пренесоа дека Мери Перелјо се породила во болница во Мајорка.

Надал и Перелјо се венчани од 2019 година. Претставниците на Надал соопштија дека нема да го коментираат приватниот живот на Рафаел.

Рафа Надал е рекордер по бројот на освоени грен-слем титули во Светот.

Се вчитува...