Радост за Кил и за Хрватска – Дувњак се врати на терените

Кил во рамките од 15. коло во Бундес-лигата го совлада Хутенберг со 33-24, но многу позначаен од конечниот резултат за домашниот тим е враќањето на Домагој Дувњак. Хрватскиот ас точно 227 дена беше надвор од ракометните терени, но успеа да ги остави зад себе проблемите со коленото и влезе во игра на синоќешниот дуел.

Дувњак го заврши мечот со три погодоци за десетина минути игра, а тренерот Гисласон од претходно најави дека слична минутажа ќе му дава и на наредните натпревари до крајот на годинава, за Хрватот полека, но сигурно да се враќа во натпреварувачки ритам, но и да не се ризикува со преоптоварување и обновување на повредата.

Камбекот на Дувњак е одлична вест и за Лино Червар, со оглед на фактот дека хрватскиот селектор токму во асот на Кил гледа предводник на својата репрезентација на претстојното ЕП.

Се вчитува...