Радуљица донесе немир во Црвена Звезда: Сега и никогаш повеќе…

Црвена Звезда го промовираше Мирослав Радуљица во „црвено-белиот“ дрес, а истото предизвика бес кај наверните навивачи кои не се задоволни од ангажманот на кошаркарот кој во минатото го носеше дресот на вечниот ривал Партизан.

„Делије“ денеска искочија со официјално соопштение во кое велат дека ова е случај кој ќе го прифатат сега, но никогаш повеќе. Во иднина играчи кои настапувале за сениорскиот тим на Партизан нема да бидат цел од Црвена Звезда.

„Договор со нашиот кошаркарски клуб потпиша Мирослав Радуљица. Тој, меѓу останатите, е и поранешен кошаркар на Партизан. Како што е познато, во фудбалот пред неколку години донесовме правило кое налага дека играчи кои настапувале за сениорскиот тим на Партизан не се добредојдени во нашиот клуб. За останатите спортови, па и кошаркарта имавме некое разбирање за овие ситуации бидејќи фондот на играчи беше мал. Разговаравме со управата на клубот и се договоривме дека нема да правиме проблем за ангажманот на Радуљица, но правилото кое постои во фудбалот отсега ќе постои и во кошарката. Направен е договор и во иднина играчи кои настапувале за сениорскиот тим на Партизан нема да бидат доведени во нашиот клуб (ова се однесува на домашните играчи кои го разбираат ривалството. А, за потенцијани странци ќе разгледуваме од случај до случај)“, стои во дел од соопштението на најверните навивачи на Црвена Звезда.

Немирот во редовите на белградскиот гигант доаѓа непосредно пред почетокот на новата сезона во АБА лигата и средбата против македонскиот шампион МЗТ Скопје која ќе биде одиграна во сабота.

Се вчитува...