Рафа: Горчлив вкус поради офсајдот, можевме да го победиме Јунајтед

Менаџерот на Евертон, Рафаел Бенитез е задоволен од ремито (1-1) со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, иако поништениот втор гол на неговиот тим му оставил горчлив вкус.

„Карамелите“ губеа на полувремето од натпреварот од седмото коло во Премиер лигата. Потоа израмнија и уште еднаш ја затресоа мрежата во финишот, но голот на Мина беше поништен поради мал офсајд.

„Игравме против многу добар тим. Не е лесно да се постигне позитивен резултат на овој стадион. Примивме гол на крајот на првото полувреме, но имавме многу добар одговор во продолжението. Горчливиот вкус останува поради поништениот гол, бидејќи крајниот исход лесно можеше да заврши во наша полза. Сепак, задоволен сум од резултатот и прикажаната игра“, изјави Бенитез.

Евертон е четврти на табелата со 14 бода. Во следното коло тимот на Рафа ќе се сретне со Вест Хем.

Се вчитува...