Рафаел Надал се закити со титулата „доктор“

Рафаел Надал продолжува да добива пофалби надвор од тенискиот терен, а најновото доаѓа од неговата родна Шпанија.

На легендарниот шампион му беше доделен почесен докторат од Универзитетот во Саламанка, една од најстарите и најпочитуваните образовни институции во земјата.

Со овој чин, Надал влезе во историјата, бидејќи стана првиот спортист на кого му е доделена титулата „доктор хонорис кауза“ на овој универзитет.

Славниот тенисер се огласи и на социјалните мрежи.

„Гордост, благодарност и среќа. Голема чест е да бидам првиот спортист прогласен за почесен доктор на овој универзитет, кој остави толку длабок белег врз културата и општеството на Шпанија. Благодарност до Универзитетот во Саламанка и до целиот град за покажаната љубов и поддршка. Овој ден засекогаш ќе ме следи и ќе ме охрабрува да продолжам да бидам верен на вредностите на кои ме научи спортот. Ви благодарам од се срце!“, напиша Надал.

Се вчитува...