Рафиња постави рекорд во Лигата на шампионите, кога станува збор за бразилските играчи во најелитното европско клупско натпреварување.
Каталонскиот крилен напаѓач постигна два гола во реваншот од 1/8 финалето од Лигата на шампионите против Бенфика (победа од 3-1). Досега крилниот фудбалер има 11 постигнати голови, што е најголем број на голови во една сезона постигнати од Бразилец.
Пред натпревари лидери беа Ривалдо, Нејмар, Кака, Фирмино и Жардел со по 10 голови во сезона.
Рафиња ќе има можност да го подобри рекордот во ЛШ, со оглед дека ќе има уште најмалку два натпревари во ова натпреварување. Барселона ќе го чека победникот од Лил и Борусија Дортмунд, меч кој се игра вечерва. По првиот дуел во Дортмунд, резултатот е 1-1.
Од друга страна, Ламин Јамал стана најмладиот играч кој постигнал гол и запишал асистенција на еден меч во ЛШ. Шпанецот во 11. минута асистираше до Рафиња за 1-0, а потоа во 27. минута самиот постигна прекрасен гол за предност од 2-1 за „Каталонците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА