Ралф Рагник вчера беше официјализиран како нов тренер на Манчестер Јунајтед. Искусниот 63-годишен Германец доаѓа на местото на Оле Гунар Солскјер кому му беше врачен отказ по поразот од Ватфорд. Рагник ќе има тешка задача пред себе, но вели дека е подготвен за предизвикот.
Но, германскиот стручњак ќе почека на своето деби на клупата на „црвените ѓаволи“ поради тоа што и натаму се чека неговата работна дозвола. Веројатно нема да ја добие до четврток, кога Јунајтед игра со Арсенал, и веројатно на тој меч тимот ќе биде предводен од Мајкл Керик, кој во минатите два меча го водеше Манчестер. Згора на тоа во Велика Британија од денеска важат и новите ковид протоколи кои дополнително ќе го оддалечат Рангник од клупата.
Ако биде се како што треба, Рагник би требало да дебитира на дуелот со Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА