Рангник по срамот од Брајтон: Го сакав Влаховиќ!

Манчестер јунајтед доживеа нов срам сезонава откако беше понижен на гостувањето кај Брајтон со 4-0 во 36. коло од Премиер-лигата.

По доаѓањето на Ралф Рангник, не само што „црвените ѓаволи“ не играат подобро од ерата на Оле Гунар Солксјер, туку тие успеаја да го направат невозможното и да бидат полоши.

Германецот по поразот од Брајтон повторно почна со неговите неповрзани изјави, велејќи дека го посакувал Душан Влаховиќ во својот тим…

„Од управата ми кажаа дека нема да донесат играч бидејќи нема играчи на пазарот да ни помогнат. Ги предложив Влаховиќ, Алварез и Дијаз, реков да се обидеме да донесеме барем еден на позајмица, но одговорот беше повторно не“, рече Рангник.

Се вчитува...