Рагник стигна на „Олд трафорд“: Фокусиран сум да ја направам оваа сезона успешна за клубот

Ралф Рагник и официјално е претставен за нов тренер на Манчестер јунајтед. Тој денеска пристигна на „Олд трафорд“ каде до крајот на сезоната ќе ја обавува функцијата на прв тренер, по што ќе го преземе директорското место во клубот.

Рагник во првата изјава како тренер на Манчестер јунајтед изјави дека е возбуден што се приклучува во тим со голема историја и дека ќе направи се што е во негова моќ да има успешна сезона со тимот од „Олд трафорд“.

„Возбуден сум што му се приклучувам на Манчестер Јунајтед и сум фокусиран на тоа да ја направам оваа успешна сезона за клубот. Тимот е полн со таленти и има одличен баланс на младост и искуство. Сите мои напори во следните шест месеци ќе бидат да им помогнам на овие играчи да го исполнат својот потенцијал, и индивидуално и што е најважно, тимски. Покрај тоа, со нетрпение очекувам да помогнам во долгорочните цели на клубот на консултантска основа“, изјави Рагник.

 

 

Се вчитува...