Раиола: Ибрахимовиќ е најкомплетен играч во историјата на фудбалот

Мино Раиола, „супер-агентот“ во фудбалот, во интервју за „Тутоспорт“ говореше за различни фудбалски теми поврзани со неговите клинети, а еден од нив е и Златан Ибрахимовиќ.

39-годишниот Швеѓанец претходната сезона се врати во редовите на Милан и ја докажа својата класа. На 24 натпревари за италијанскиот состав постигна 20 погодоци, оваа сезона е и прв стрелец на Серија А, а неговиот клуб е на врвот на табелата во едно од најдобрите национални натпреварувања.

„Златан како Златан. Неговите бројќи говорот во негово име. Минатото лето беше слободен играч и сите направија грешка што не го доведоа во нивните редови, вклучувајќи го и Јувентус. Ќе беше идеален партнер на Кристијано Роналдо и заедно ќе ја нападнеа Лигата на Шампиони. Немаше да има никаков проблем доколку играа заедно и Пирло мораше да размисли на таа опција. Со него, Милан е екипа која е тешка да се победи. Не сум загрижен дека ќе го изгуби балансот поради повреда. Златан е непроценлив играч. Тој е прв стрелец на Серија А, пред Кристијано Роналдо и покрај тоа што пропушти неколку натпревари. Он е најкомплетен играч во историјата на фудбалот, го има талентот на Меси и волјата на Роналдо“ – изјави Раиола.

Кога фокусот во фудбалскиот свет е враќањето на Роналдо во Шпанија, на мегдан против Барселона и Меси, италијанскиот менаџер има генијален одговор на дилемата „Меси или Роналдо“.

„Помеѓу Роналдо и Меси, секогаш ќе го изберам Роналдо. Ибрахимовиќ е планета сама за себе. Доколку навивачите бираат кој ќе ја освои „Златната топка“, Ибрахимовиќ би имал бар осум“ – додаде агентот.

Се вчитува...