Раиола има луд план за Халанд: Оди во клуб каде ќе заработува четири милиони евра месечно!

Се погласни се шпекулациите дека Ерлинг Халанд на крајот од сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд. Не е никаква тајна дека се поголем број се европските великани кои го сакаат во своите редови.

Неговиот агент Мино Раиола веќе реализира разговори со заинтересираните клубови, иако од Дортмунд тврдат дека Халанд нема да биде на продажба ова лето.

Англиските медиуми пренесуваат дека само неколку клубови ќе може да си го приуштат затоа што Раиола има неверојатно луд план. Раиола планира Халанд да биде првиот играч во историјата кој месечно ќе заработува дури четири милиони евра.

Јасно е дека ПСЖ и Манчестер сити се единствени кои може тоа да си го дозволат во моментов, па останува неизвесно колку идејата на Раиола ќе биде реално изводлива.

Се вчитува...