Раиола: Јунајтед би ги уништил и Пеле и Марадона

Агентот на Пол Погба, Мино Раиола, жестоко го нападна Манчестер Јунајтед, обвинувајќи го англискиот гигант за лошо функционирање. На Раиола му пречи што голем дел од вината се бара во слабата форма на Погба, што според него е апсолутно погрешно.

„Погба има само еден проблем, тоа е Манчестер Јунајтед. Тоа е клуб кој не е во допир со реалноста и е без спортски проект. Веќе не би однел ниту еден мој играч таму, бидејќи Јунајтед би ги уништил и Пеле, Марадона или Малдини. На Погба му треба клуб, како што беше Јувентус“, изјави Раиола.

Јасно е дека францускиот плејмејкер во следниот период ќе изврши дополнителен притисок да му биде дозволено да си замине од „Олд Трафорд“, а Раиола со ваквите коментари сака само да го забрза целокупниот процес.

Раиола е агент и на Ерлинг Халанд, па токму тој е причината што норвешкиот голгетер ја избра Борусија Дортмунд пред Манчестер Јунајтед иако понудата на „црвените ѓаволи“ беше далеку поповолна од финансиски аспект.

Се вчитува...