Раиола: Направив една голема грешка во кариерата на Ибрахимовиќ…

Најконтроверзниот фудбалски менаџер во светот, Мино Раиола повторно говореше за својот омилен фудбалер и единствената грешка која ја има направено во неговата кариера за која како што вели се уште жали.

„Една работа нема да можам никогаш да си простам. Направив голема грешка во неговата кариера. Најмногу жалам што го доведов во американската МЛС. Па тоа за него беше губење време. Жал ми е што тие две години не ги помина во Европа бидејќи докажа дека е неверојатен човек“, изјави Раиола. 

Златан во МЛС играше во периодот од 2018 до 2020 година носејќи го дресот на ЛА Галакси, каде на 56 одиграни натпревари постигна 52 гола.

Се вчитува...