Рајан Гигс повторно оди на судење!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс следната година ќе се соочи со повторно судење под обвинение за семејно насилство, откако поротата не донесе одлука за обвинението, соопшти судот во Манчестер.

Сослушувањето на поранешниот велшки фудбалер траеше три недели, а на крајот на август поротата беше распуштена, бидејќи не можела да се договори за вината на 48-годишниот поранешен играч.

Гигс е обвинет за насилство врз поранешната девојка Кејт Гревил и нејзината сестра, а насилството се случило во ноември 2020 година.

Се вчитува...