Рајан Гигс мораше да се повлече од селекторската позиција во репрезентацијата на Велс поради отпужбата за насилство на својата поранешна девојка Кејт Гревил, но откако беше ослободен од страна на Судот сега го бара новиот ангажман.
Англиските медиуми откриваат дека поранешниот легендарен фудбалер би можел наскоро да го превземе англискиот четвртолигаш Салфорд каде воедно и самиот е сопственик заедно со Фи Невил, Пол Сколс, Ники Бат и Дејвид Бекам.
Салфорд по осум одиграни натпревари се наоѓа на 19. место на табелата со што очајнички му е потребна промена, а спасот се гледа во Рајан Гигс.
Гигс кој во тренерската кариера беше и помошен терен на Манечстер Јунајтед важи за вистинска легенда на „црвените ѓаволи“ каде ја помина целата своја кариера. Забележа 963 настапи на кои постигна 168 погодоци и 259 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА