Рајан Краузер три пати го уриваше олимпискиот рекорд во фрлање ѓуле

Американецот Рајан Краузер кој е актуелен светски рекордер во фрлање ѓуле ни ја приреди веројатно најдобрата серија во историјата на оваа дисциплина.

Тој на убедлив начин стигна до златниот медал со фрлени 23.30 метри што е нов олимписки рекорд и само седум центимитри од најдоброто време во историјата кое го постави годинава во Јуџин. Покрај ова фрлање кое го имаше во последната серија, сите останати пет фрлања беа подобри од претходниот олимписки рекорд кој изнесуваше 22.52 метри.

Сребрениот медал му припадна на неговиот сонародник Џои Ковач, додека со бронзата се закити Томас Волш од Нов Зеланд.

 

Се вчитува...