Рајковиќ до сензација во ВТБ: Се врати од „минус 19“ и го победи Зенит

Емил Рајковиќ има одличен старт на својата авантура како тренер на Астана, откако во третиот меч од силната ВТБ-лига македонскиот стратег ја забележа втората победа. Казахстанскиот првак за ривал денеска го имаше силниот руски состав Зенит, гостите во еден момент имаа и огромни 19 поени разлика, но Рајковиќ успеа да ги разбуди своите кошаркари, кои со фантастичен пресврт стигнаа до триумф од 93-91.

Неверојатно функционираше нападот на Астана во последните 15 минути, во кои избраниците на Рајковиќ постигнаа дури 48 поени на патот до големата победа.

„Честитки до нашите играчи за покажаниот карактер, не сакаа да се откажат, веруваа до самиот крај и на крајот стигнаа до посакуваната победа“ – беше првата реакција на Емил Рајковиќ по триумфот над Зенит.

Се вчитува...