Рајковиќ го почести Гилбоа Галил со „стотка“ за прво место по групната фаза на ФИБА Еврокупот

Додека македонските клубови мака мачат со израелските претставници во БИБЛ лигата, македонскиот стратег Емил Рајковиќ и неговиот Автодор Саратов го наполнија кошот на минатогодишниот БИБЛ-лигаш, Гилбоа Галил сред Израел во шестото коло од ФИБА Еврокупот (71-100).

Рускиот состав победата ја најави уште по воведните десет минути кои ги доби со 18-27, а предноста на полувремето се искачи на 31-57.  Домаќините успеаја во третата четвртина да ја намат негативата на 22 поени (57-79), а и покрај тоа што беа решение дилемите за победник, Автодор продолжи со доминатната игра и во последната четвртина во која беше стигната и границата од сто постигнати поени.

Со овој триумф составот на Емил Рајковиќ го потврди првото место во групата „Д“ со скор од пет победи и само еден пораз.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...