Рајковиќ и ЦСКА ја добија Москва во мечот за пласман во ВТБ суперкупот

Еден од најдобрите македонски кошаркарски стратези Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва славеа против Москва по продолженија со 98-105 во натпреварот за разигрување од 5. до 8. место во ВТБ суперкупот.

Послабиот тим од главниот град на Русија подобро го отвори натпреварот и со одлична игра во првите 20 минути на полувреме замина со предност од плус осум 53-45.

Избраниците на Рајковиќ одлично го отворија второто полувреме и со одлична игра во третиот период успеаја да стигнат до целосен пресврт пред последните 10 минути (63-66). Во последниот период „армејците“ имаа се во свои раце, но со тројка на секунда до крај противникот израмни на 94-94, а натпреварот замина во продолжение.

Во продолженијата ЦСКА Москва брзо ја заврши работата и стигна до конечен триумф од 98-105. Каспер Вер со 21 поен беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените со ист број поени заврши Александер Коменко.

Се вчитува...