Рајо без Димитриевски вечерва во Купот на Шпанија

Рајо Валјекано вечерва игра натпревар од Купот на Шпанија, а на него ќе биде без првиот голман Столе Димитриевски. Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата ќе добие поштеда од страна на тренерот Андони Ираола, и шанса ќе му даде на Лука Зидан и на Иван Арболеда.

Рајо игра против Гвијело на гостински терен. Станува збор за член во петтата лига, па тренреот Ираола оцени дека е време Димитриевски малку да одмори, со оглед дека ги бранеше сите натпревари сезонава, а беше и на релација Македонија – Шпанија, во настапите за македонскиот национален тим во квалификациите, преку кои Македонија обезбеди пласман во баражот.

Мечот се игра вечерва во 19 часот.

Се вчитува...