Шпанскиот „АС“ направи анализа на сите клубови во Ла Лига за првиот дел од сезоната. Од неговото постоење, до сега, Рајо Валјекано ја игра втората најдобра сезона. Само во сезоната 1977-78 Рајо имал подобар скор по 18 одиграни натпревари во Ла Лига.
Изненадувачки, но Рајо е еден од тимовите со најголем посед и најголем број точни додавања во Ла Лига. Нападите им одат од сите страни, а клучот е и во одбраната и во Столе Димитриевски.
Димитриевски е голманот со најголем број одбранети удари во Ла Лига во досегашниот тек од сезоната. Димитриевски сега е еден од одлучувачкиот играч за овој успех на тимот, кој ако продолжи вака тогаш може да го гледаме дури и во најелитното европско натпреварување, во Лигата на шампионите.
Сепак, голем удар би било Димитриевски да го нема во составот, затоа што се најавува трансфер во Барселона, но засега од тоа нема ништо, а како одминува времето, се чини дека на крајот ќе остане да го брани Рајо и да се бори за излез во Европа следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА