Рајо со реми против Лас Палмас ги губи шансите за плеј-оф

Рајо Валјекано на нашиот Столе Димитриевски одигра само реми 2-2 со Лас Палмас во натпревар од претпоследното коло во Ла лига 2. Нашиот интернационалец повторно беше прва опција на голот на Рајо. Нашиот голман успеа да одбрани пенал во 88. минута, но поради тоа што прерано тргна тој беше повторен, а во вториот обид Кастро стрелаше прецизно.

Претходно, домаќините поведоа во 20. минута со голот на Монтиел. Во 38. гостите од пенал израмнија на 1-1, резултат со кој се отиде на пауза. Трехо погоди за 2-1 во 49. но и тоа не беше доволно за три бода за Рајо.

Со ремито Рајо e 8. со три бода негатива зад шестопласираната Фуенлабрада на едно коло до крајот на шампионатот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...