Рајо Валјекано не успеа да го изненади Реал Мадрид, Столе Димитриевски беше гледач од клупа (ВИДЕО)

Рајо Валјекано не успеа да го изненади лидерот на табелата, откако Реал Мадрид успеа да прослави победа во последните минути од 26. коло во Примера.

Рајо Валјекано ја имаше во поголем дел иницијативата од натпреварот во првото полувреме, иако Реал ја имаше сериозноста на шансите за гол, благодарение на нивната брзата транзиција. Пред крајот на првото полувреме Касемиро постигна гол, но ВАР технологијата го поништи, на пазуа се замина со резултат од 0-0.

Клучен момент беше 83. минута, кога Карим Бензема по асистенција на Винисиус успеа да ја затресе мрежата на домаќинот, за нови три бода и голема радост на „кралевите“.

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски го проследи натпреварот од клупа, а чувар на мрежата на Рајо Валјекано беше синот на фудбалската легенда Зидан, Лука.

 

 

https://streamff.live/316ce2

Се вчитува...