Рајола: Време е Погба да продолжи понатаму

Пол Погба е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, вели неговиот менаџер Мино Рајола. Тој вели дека сите во Манчестер се запознаени со тоа дека е време Погба да продолжи понатаму.

„Сите знаат дека Пол е подготвен да продолжи понатаму. Тоа е долг процес. Сите знаат како се чувствува тој. Сите во клубот се запознаени со неговите желби. Од Оле до сопствениците“, вели Рајола. 

Заинтересирани за неговиот потпис се Реал Мадрид и Јувентус, кои што би сакале да го донесат одличниот Французин во своите редови. Единствен проблем е цената која ќе треба да се плати, а според шпекулациите од „Олд трафорд“ нема да прифатат сума помала од 150 милиони евра.

Се вчитува...