Ракитиќ: Децата да зборуваат за нас како за Шукер, Бобан…..

Патот на успехот по кој се движи хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија неминовно предизвикува споредби меѓу генерацијата на Модриќ и на Рактиќ и ‘бронзената генерација’ на Шукер, Бобан, Јарни, Влаовиќ…. Херојот во осминафиналниот триумф над Данска, стрелецот на клучниот пенал за пат кон четвртфиналето Иван Ракитиќ, посакува тој и неговата генерација да бидат идоли за децата исто како и ѕвездите на Светското пред 20 години кои стигнаа до историското трето место.

„Генерацијата играчи од легендарната репрезентација од 1998 година беа наши идоли. Ни го покажаа патот по кој треба да одиме. Но, сега мора да ги заборавиме. Нивниот резултат не треба да биде притисок за нас. Мора да уживаме во овој Мундијал. Но, секако посакувам децата да зборуваат за нас по 20 години исто како што се зборува за таа генерација“ – вели Ракитиќ.

Репрезентацијата на Хрватска во четвртфиналето ќе игра протв селекцијата на домаќинот Русија. „Коцкестите“ се во условно послабиот дел од костурот на овој Мундијал. Најзвучниот противник што би можеле да го имаат во евентуалното полуфинале е Англија.

Се вчитува...