Ракитиќ и Ел Хадади ја предводеа Севилја до победа над Бетис

Севилја го доби натпреварот на 26. коло во шпанското првенство откако славеше на домашен терен против Бетис со 2-1. До победа домаќините ги предводеа Ракитиќ и Ел Хадади. Хрватот реализираше пенал во 24. минута, додека Мароканецот ја затресе мрежата во 41. минута, a поразот го ублажи Каналес во 94. минута

Со оваа победа Севилја го задржа чекорот со Реал Мадрид за првата позиција на табелата, а воедно и ја зголеми предноста пред третопласираниот Реал Бетис која сега изнесува осум бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...