Ракитиќ ја спаси Севилја од пораз од Депортиво Алавес (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севилја одиграа нерешено 2-2 против Депортиво Алавес во 14. коло од шпанската Ла лига. Гостите поведоа со голот на Лагардија во 5. минута.

Избраниците на Лопетеги израмнија преку Окампос во 38. минута, а до крајот на првиот дел гостите повторно стигнаа до водство со голот на Жоселу од пенал во судиското надополнување.

Во самиот финиш Иван Ракитиќ со гол во 92. минута успеа да ја спаси Севилја од пораз.

 

 

Се вчитува...