Ракитиќ: Нема веќе да молчам, имав лоши денови во Барселона

Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ беше на прагот на заминување од „Камп Ноу“, но, сепак, одлучи да го носи дресот на Барселона најмалку до крајот на сезоната. Се надева дека новиот тренер Кике Сетиен ќе му укаже многу поголема шанса, со оглед дека беше во втор план кај претходниот стратег Ернесто Валверде.

„Нема веќе да молчам, се чувствува навистина лошо во одредени периоди и сакав да ја напуштам Барселона. Имаше преговори и во овој преоден рок, но тоа е сега минато. Имаше некои работи што не ми се допаѓаа околу мојот статус во тимот“, изјави Иван Ракитиќ.

Хрватот беше стартер во составот на Барселона на синоќешниот меч против Леванте (2-1).

Се вчитува...