Ракитиќ светски рекордер по број на одиграни натпревари сезонава

Иван Ракитиќ имал температура од 39 степени помалку од 24 часа пред полуфиналниот натпревар со Англија, но асот на Барселона успеа да се опорави за да настапи и да биде еден од клучните играчи во историската победа.

„Бев болен, температурата ме остави без енергија, само лежев и се молев да имам сила да играм против Англија. Немаше шанса да го пропуштам тој важен натпревар, лекарите го одработеа својот дел од задачата и се појавив на теренот“ – изјави Ракитиќ.

Со тој настап, фудбалерот на Барса стигна до неверојатни 70 натпревари одиграни во сезоната 2017/2018. Ракитиќ одигра 55 меча за Барселона и 15 за Хрватска, израмнувајќи го рекордот на Бразилецот Вилијан. Со финалето в недела Ракитиќ ќе стигне до бројката од 71 натпревар, со што ќе биде и светски рекордер за одиграни средби во една натпреварувачка сезона.

Се вчитува...