Ракитиќ веќе му кажал ДА на Јувентус

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ по пет години минати во Барселона и дефинитивно си заминува од таборот на каталонскиот клуб. Хрватот, како што пишува италијанска „Газета“, веќе го знае и новиот клуб…

„Веќе му кажа да на Јувентус откако го контактираа од клубот на Роналдо” – пишува „Газета дела спорт“ дополнувајќи дека „Старата дама“ ја добила трката за Ракитиќ со Манчестер јунајтед и Интер, кои исто така биле заинтересирани за неговите услуги.

Хрватскиот репрезентативец игра во извонредна форма актуелнава сезона. Но, Барселона во зимскиот преоден рок го купи Де Јонг притоа плаќајќи му отштета на Ајакс од 80 милиони евра. Најбараниот млад играч за врска на светот не доаѓа во Барселона за да ја грее клупата, а единствен начин за експресно да се вклопи во првиот тим е да си замине девет години постариот Ракитиќ. Со неговата продажба Барселона би можела да заработи 50 милиони евра и со тоа би си го олеснила купувањето на уште еден дијамант на Ајакс, Матијс де Лигт.

Се вчитува...