Ракометарите четири часа во автобус за тренинг од 50 минути

Репрезентацијата на Македонија утрово го одработи првиот тренинг по пристигнувањето во Каиро. Директорот на ракометната репрезентација на Македонија, Левче Китевски вели дека нема спротски услови во Египет, а најголем проблем е патувањето до салата.

„Здравствениот билтен е океј. Тестовите се негативни на сите ракометари. Се сместивме во хотел по полноќ, но спортските услови не се на ниво на Светско првенство. Тренинг репрезентативците имаа во 10 часот. Голем проблем е патувањето до салата. Патувавме четири часа за тренинг од 50 минути. Во хотелот има и други гости, што значи дека многу мора да се внимава поради здравјето на ракометарите“, изјави директорот на репрезентацијата Левче Китевски. 

Македонија вечерва во 20:30 во првото коло од Г групата ќе се сретне со репрезентацијата на Шведска.

Се вчитува...