Ракометарите го почувствуваа Загреб: Првиот тренинг во „Домот на спортовите“

Ракометната репрезентација на Македонија пристигна во Загреб и денеска го одржа првиот тренинг во хрватската престолнина. Селекторот Раул Гонзалес и ракометарите ја почувствуваа атмосферата, а тренираа во „Домот на спортовите“. Од утре, нашиот национален тим ќе тренира во загрепска Арена, каде в сабота и ќе го стартува настапот на Европското првенство против селекцијата на Словенија.

Се вчитува...