Ракометарите со „Реметинац“ фризура : облог си е облог!

Кој мислеше дека Македонија ќе биде прва во групата со европскиот шампион и со бронзениот од СП! Ама, сепак меѓу ракометарите падна облог.

„Ако бидеме први, се потстрижуваме“.

И тргна работаа. Ја победивме Словенија, ја победивме Црна Гора, одигравме нерешено со Германија и ете ја Македонија на чело на табелата.

Дејан Манасков и Филип Кузмановски го загубија облогот и после успехот во „Арена“ , добија „Реметинац фризура“. Заедно со Столе Стоилов.

„Нова фризура! Кладба си е кладба“ – напиша Манасков промовирајќи го новиот „стил“ .

Се вчитува...