Македонската машка сениорска репрезентација замина за Словачка, каде што утре (14 мај) во Прешов ќе го одигра првиот бараж натпревар против селекцијата на Словачка за пласман на Светското првенство 2027.
Заедно со репрезентацијата кон Словачка заминува и делегација на Ракометната федерација на Македонија, предводена од претседателот Александар Стефанов, со цел да даде поддршка на националниот тим во овој важен предизвик.
За патувањето до Словачка е обезбеден чартер лет, со што на репрезентативците им се овозможени максимални услови и фокус пред натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
