Ракометарките денеска ги дознавааат противниците на ЕП

Македонската женска ракометна репрезентација денеска во 18 часот, на ждрепката во Катовице, Полска, ќе ги дознае своите противници за претстојното Европско првенство.

Континенталниот собир ќе се одржи од 3 до 20 декември во пет земји: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

Нашите ракометарки се дел од елитното друштво од 24 репрезентации, а поради рангирањето, Македонија ќе биде извлечена од последниот, четврти шешир. Ова значи дека во групната фаза сигурно ќе ги избегнеме селекциите на Хрватска, Србија, Исланд, Украина и Грција.

Шешир 1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
Шешир 2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
Шешир 3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
Шешри 4: Хрватска, Србија, Исланд, МАКЕДОНИЈА, Украина, Грција

Се вчитува...