Ракометарките со пораз од Грција го стартуваа настапот на МИ

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Грција 25-31 го стартуваше настапот на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Нашите девојки одлично го отворија натпреварот и по првиот дел имаа позитива од 14-10. Сепак, нашите млади ракометарки не го издржаа притисокот во второто полувреме во кое Грција тотално не надигра и на крајот стигна до лесен триумф од 25-31.

Леона Миленкоска со десет гола беше најдобар поединец во нашиот табор, додека кај победникот Ментесиду и Кукмиси постигнаа по пет гола.

Се вчитува...