Ракометната федерација на Македонија ќе има свој претставник на претстојните Медитерански игри, кои ќе се одржат во Италија во периодот од 20 август до 3 септември. Македонија ќе настапи со женска младинска селекција, составена од комбинација на младинки и кадетки, односно ракометарки од генерациите У18 и У20.
Поради краткиот временски период за формирање на составот, селекцијата беше комплетирана во најбрз можен рок, со репрезентативки кои во овој период беа на располагање и слободни од клупските обврски.
Настапот на Медитеранските игри ќе претставува дополнителна можност за нашите млади ракометарки да стекнат драгоцено меѓународно искуство, да се натпреваруваат со селекции од други земји и да го продолжат својот репрезентативен развој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
