Доделувањето на наградите за најдобрите спортисти за 2017 година, во организација на Агенцијата за Млади и Спорт, мина во апсолутна доминација на ракометот.
Стојанче Стоилов како капитен на европскиот првак Вардар се закити со „главниот оскар“ за најдобар македонски спортист во 2017, а покрај него признанија вечерва добија и Живко Мукаетов како претседател на најуспешната спортска федерација, потоа Кире Лазаров (специјална награда како најдобар стрелец на СП 2017), младинската репрезентација до 21 година (најуспешен машки национален тим), Раул Гонзалес како тренер на годината и женската кадетска репрезентација (најуспешен женски национален тим).
Во годинава што изминува во која имавме низа спортски успеси, останува надежта дека истите ќе се повторат, па и ќе зачестат и во новата 2018.
[new_royalslider id=”886″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА