Ракометна одбрана на годината – свртена со грб запре зицер (видео)

Голманката на Будуќност, Дарла Зокби де Паула, ја имаше одбраната на сезоната во женската Лига на шампиони, со извонредната интервенција на дуелот со Ростов.

Црногорскиот тим најпрвин имаше многу среќа кога обидот од противничката половина удри во двата диреци и се врати во поле, но одбиената топка требаше да биде претворена во лесен гол. Така не мислеше Де Паула, која успеа да се врати навреме, па свртена со грбот кон противничката ракометарка сепак успеа да го запре нејзиниот зицер.

Будуќност сепак на крајот претрпе пораз од 24-22 на тешкото гостување во Русија.

Се вчитува...